Кошаркарите на Чешка го пополнија последното место во 1 / 4 финалната фаза на Светското првенство во Кина. Чесите во директен дуел за пласман во наредната рунда загубија од Грција со 84:77, но, пресуди вкупната кош разлика во групата.
Грците требаше да слават со 12 поени предност за да одат понатаму. Во вториот меч во групата САД славеше против Бразил со 89-73 и завери првото место во групата. Во другата група, Австралија ја победи Франција со 100:98 по што двете земји поминаа во наредната рунда додека Литванија ја совлада Доминиканската Република со 74:55.
Четвртфинални дуели: Аргентина – Србија, САД – Франција, Шпанија – Полска и Австралија – Чешка