Тенисерот од Швајцарија, Роџер Федерер, кој имаше две операции на левото колено во почетокот на годинава, изјави дека не може да тренира според предвиденото и дека не е подготвен да игра на највисоко ниво.
„Се надевав дека ќе бидам стопроценти подготвен во октомври, но, еве и до денес не сум. Ќе продолжам со лекување. Не знам дали тоа ќе се промени до Австралија опен” – изјави Федерер за швајцарските медиуми.
Огранизаторите на првиот Грен Слем во 2021 година на терените во Мелбурн најавија дека турнирот ќе се реализира од 18-31 јануари, но, постојат одредени шпекулации дека може да се одложи за терминот од 8 до 21 февруари за да се испочитуваат дел од новите протоколи за заштита од Ковид-19.