Србинот, Новак Ѓоковиќ, ја предводи листата на најдобрите светски тенисери пред Шпанецот Рафаел Надал кој заостанува речиси 4000 бодови.
На третото место е Александар Зверев од Русија додека четвртото го има Швајцарецот, Роџер Федерер.Во топ 10 влегуваат Доминик Тим Кевин Андерсон, Кеи Нишикори, Хуан Мартин дел Потро, Џон Иснер и Стефанос Циципас.
Кај дамите на чело останува Наоми Осака следена од Петра Квитова. Сега на третото место падна Симона Халеп. Анжелик Кербер и Каролина Плишкова го имаат четвртото и петтото место. Меѓу десетте најдобри се уште и: Кики Бертенс, Слоун Стивенс, Ешли Барти и Ирина Сабаленка. Во текот на работнава недела најдобрите светски тенисери во машка и женска конкуренција, ги очекуваат настапите на неколку нови локации.