Возачот на Ферари во Формула 1, Себастијан Фетел, не остана имун на новата победа така наречена „еден-два“ на Мерцедес на патеката во Баку.
Тој нагласи дека доминацијата на Мерцедес е досадна како во првите четири сезонски трки така и во претходните четири години. На таа негова изјава реагираше актуелниот шампион од Мерцедес, Луис Хамилтон, кој потенцираше дека токму членовите на Ферари се виновни за таквиот развој на настаните.
„Ферари го имаше потребниот ритам за време на тренинзите и квалификациите. Ако нивните возачи го одржеа темпото како што тоа го направивме ние, ќе беше многу интересно. Верувам дека ќе има поголема борба во Шпанија“ – потенцира Хамилтон.