МЗТ Скопје и Дамјан Стојановски ја продолжија соработката

0

Управата на МЗТ Скопје денес и официјално го парафираше договорот со својот капитен Дамјан Стојановски кој и во наредните две години и ќе остане и понатаму дел од тимот од Аеродром.

Најдобриот кошаркар за изминатата сезона реши да остане верен на својот клуб МЗТ Скопје, и покрај тоа што имаше понуди од други клубови. Македонскиот репрезентативец Дамјан Стојановски е дел од тимот на МЗТ Скопје од 2012 година и во овој период има освоено пет трофеја во домашното првенство, четири во Купот на Македонија. а четирипати беше прогласуван за МВП на финалињата.

Стојановски ќе има можност и понатаму да соработува со досегашниот тренер Ѓорѓи Кочов кој исто така ќе остане на чело на клупата на МЗТ Скопје.

Share.

Leave A Reply