Штафетата со огнот како почетна станица ја имаше префектурата Фукушима на стадионот кој во минатото бил воена база.
Факелот за 121 ден ќе помине низ сите 47 префектури на Јапонија по што ќе биде донесен на стадионот во Токио на денот на отворањето на Олимписките игри – 23 јули. Во неговото носење ќе учествуваат околу 10 илјади луѓе.
Олимпијата требаше да се одржат во изминатата година, но, поради пандемијата со Ковид-19 беше презакажана за претстојното лето од 23 јули до 8 август.