Возачот во Формула 1, Даниел Рикардо, признава дека имал стресен период додека го правел трансферот од Ред Бул во Рено и дека тоа значително влијаело на неговата работа во летниот подготвителен период.
Австралиецот беше крајно атрактивен на трансфер пазарот бидејќи се поврзуваше со неколку екипи. Тој во меѓувреме проценил, дека договорот што го направил имал поголемо влијание отколку што очекувал.
„Тогаш не мислев дека така ќе се одвиваат работите. Веројатно стресот се акумулирал и ми донесе непосакуван ефект во еден период од сезоната” – вели Рикардо со напомена дека 2018 година му била една од најтешките во Формула 1.