Симиќ ќе ја преземе селекторската позиција во М18

0

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец, Тони Симиќ, ќе биде именуван за нов предводник на селекцијата за играчи до 18 години.

Одлуката ќе биде официјализирана во текот на наредната седмица кога новото раководство предводено од Перо Антиќ и Тодор Гечевски ќе ја оддржи првата седница на новиот Управниот Одбор. На истата се очекува да биде составен и нов Стручен Совет и да бидат именувани нови селектори во различни категории.

Тони Симиќ имаше одлични резултати со екипата на Партизан Мулти Шпед со која стигна до финалето во М18 шампионатот.

 

Share.

Leave A Reply