Спортско радио 90.3 фм и МРТВ во финалето на Турнирот на медиумите 2018

0

Екипте на Спортско радио 90.3 фм и МРТВ ќе играат во големото финале на Турнирот во мал фудбал на медиумите 2018. По денешните полуфинални дуели во кои Спортското радио славеше над Алфа ТВ со 3:0, додека МРТВ со 4:1 ја совлада екипата ма МТВ 2 стана познато кој ќе се бори за пехарот оваа година.

Финалето на турнирот е на програмата утре од 16:40 часот во малата сала на СЦ „Јане Сандански“. Во финалниот ден на турнирот ќе имаме можност да погледнеме бројни ревијални финални средби, по кои ќе ги добиеме победниците и во уште неколку категории. Влезот во салата е слободен, па ве покануваме заеднички да ги испратиме средбите од завршниот ден на турнирот в недела со почеток од 11 часот.

НЕДЕЛА (16.12.2018)

ТЕРМИН НАТПРЕВАР
11.00 ФИНАЛЕ КОМПАНИИ / Астра Казино – Тотал ТВ  
11.35 ФИНАЛЕ  ОПШТИНИ / Гази Баба – Кисела Вода  
12.10 ФАКУЛТЕТИ (ПРАВЕН – ЕКОНОМСКИ)  
12.50 ФИНАЛЕ Основни Училишта / Ѓ. Петров – Г. Делчев  
13.20 РЕВИЈАЛНА СПОРТСКИ ЛЕГЕНДИ – ФФМ  
14.10 РЕВИЈАЛНА ГРАД СКОПЈЕ – МВР  
14.50 ФИНАЛЕ ПЕТЛИЊА / Вардар 1 – Кул 1  
15.20 РЕВИЈАЛНА (НОВИНАРКИ – ПЕЈАЧКИ)  
15.55 РЕВИЈ.  ЦЕНТРАЛНА – ЛОКАЛНА(ГРАДОНАЧАЛНИЦИ  
16.40 ФИНАЛЕ ТУРНИР НА МЕДИУМИ 2018 /

МРТВ – СПОРТСКО РАДИО 90.3 ФМ

 
Share.

Leave A Reply