Боксерот во тешка категорија, Дионте Вајлдер, објави дека договорил нов меч со Луис Ортиз.Нивната последна битка во 2018-та кога победи Ортез со технички нокаут, беше прогласена за една од најспектакуларните во изминатите неколку години.
„Сакам да објавам дека со Луис Ортиз потпишавме договор за реванш. Точниот датум и термин ќе биде објавен набрзо“ – напиша Вајлдер на социјалните мрежи.
Тој во последниот меч оствари брза победа против Доминик Брисил со што успеа да ја одбрани титулата во ВБЦ.