Шпанскиот возач со моторот на Јамаха, Маверик Вињалес, победи на денешната трка возена за Големата награда на Австралија која ја одбележа и големиот инцидент меѓу Зарко и Маркес кој за среќа помина без последици.
Имено, Французинот со брзина од 300 км/ч, удри во задниот дел од Хондата на Шпанецот и летна преку моторот. Меркез пак, успеа да ја задржи контролата и да остане на патеката. Што се однесува до првите тројца на патеката – „Филип Ајленд“, Вињалес донесе прв триумф за Јамаха по ГН на Холандија во 2017. Тоа беше и негов прв успех по ГН на Франција во изминатата сезона.
Андреа Јаноне по голема битка со Андреа Довициозо помина како втор низ целта додека возачот на Дукати го пополни третото место на подиумот.