Тото Волф кој ја има улогата на прв човек во Формула 1 тимот на Мерцедес, вели дека Луис Хамилтон, имал огромна помош од неговиот клупски колега, Валтери Ботас и дека токму од таа причина успеа да го одбрани победничкиот пехар.
Британецот кој втора сезона по ред успева да го подигне шампионскиот пехар во Формула , до неколку трки пред крајот на шампионатот водеше жестока битка со членот на Ферари, Себастијан Фетел. Во нивните дуели на патеката многу често беше инволвиран и Ботас кој имаше задача да му го чува грбот на Хамилтон и да донесе бодови за неговата екипа
.„Мерцедес немаше да биде шампион меѓу тимовите и меѓу возачите да не беше Валтери Ботас. Кога некој ги губи шансите за титула често е демотивиран, тоа не беше случај кај Ботас. Тој се бореше и го поддржуваше тимот“, изјави Волф.