Британецот, Луис Хамилтон, со болидот на Мерцедес, победи на денешната трка во Формула 1 возена во Австрија за Големата награда на Штаерска. Втор низ целта помина неговиот клупски колега Валтери Ботас додека трет резултат оствари членот на Ред Бул, Макс Вестрапен.
Актуелниот светски првак кој доминираше од првиот до последниот круг, успеа да ја забележи првата сезонска победа или вкупно 85-та во кариерата.Денешниот собир донесе нова лоша епизода за возачите на Ферари откако на стартот Леклер го исфрли Фетел од надвор од патеката а потоа и самиот се откажа во седмиот круг.
Најдобрите пет ги комплетираа Александар Албон и Ландо Норис додека бодови уште освоија и: Перез, Строл, Рикардо, Саинц и Квајт. Третата сезонска трка во Формула 1 ќе биде возена наредниот викенд на патеката –„Хунгароринг“ за Големата награда на Унгарија.