Валтери Ботас кој вози за Кадилак ги сподели своите впечатоци од работата како резервен возач во изминатата сезона во екипата на Мерцедес.
„Апсолутно е предизвикувачка позиција. Особено ако имате искуство во Формула 1 и особено ако сè уште имате страст за тркање – во тој случај, гледањето на трките не е лесно“- рече Ботас.
„Минатата година имав можност да се сместам во добар тим со добра програма за целата година. Така што на крајот, тоа беше вистинскиот избор“ – рече членот на Кадилак.

