Во хрватскиот град Сплит од денеска до 22 август ќе се одржи меѓународното финале во рамките на Плазма Спортските игри за млади. Македонија за првпат е дел од масовниот спортски настан за најмладите.
„Среќни сме што Македонија е дел од Плазма Спортските игри за млади и што нашата земја ќе има свои претставници на големото финале. Игрите се посебни бидејќи промовираат посебни вредности и воедно овозможуваат бесплатен спорт за секое дете“ – рече претседателката на Плазма Спортските игри за млади во нашава земја, Елена Мицковска.
„На сите дечиња им посакувам успешни игри, се надевам дека Сплит ќе биде незаборавно искуство за нив и воедно ќе се вратат со спомени кои остануваат за цел живот“ – порача Мицковска.

