Софија Гоџа победи во спустот во италијанскиот зимски центар Кортина Д’Ампецо кој се бодува за Светскиот куп во алпско скијање.
Таа успеа да ја помине патеката 1:33,95 минути со што се израдува на втората сезонска победа или 26-та во кариерата. На тој начин Италијанка успеа да ја добие битката со Норвежанката, Каиса Викхоф Ли и Италијанка, Федерика Брињоне, која пак, со освоените бодови се проби на чело во генералниот пласман во Светскиот куп.
Во поредокот за малиот кристален глобус во спуст води Брињоне со 189 бодови, пред Гоџа со 180 и Корнелија Хутер (Австрија) со 176.

