На денешниот состанок на АБА-лигата беше одлучено стартот на новата сезона да биде пролонгиран за две недели.
Причина за тоа е пандемијата со корона-вирусот. Поместувањето на календарот се однесува и на второлигашкото јадранско натпреварување.
Таму покрај МЗТ Скопје ќе го имаме и составот на Работнички. АБА-лигата беше прекината на почетокот на март а откако не се создадоа услови за доигрување беше одлучено да не се прогласи шампион.