Формула 1 објави дека го раскинала комплетниот договор со Русија за одржување на трката заГолемата награда на Русија на патеката во Сочи.
Формула 1 потврди дека е раскинат договорот со промоторот на трката, и како таква, Русија нема да биде домаќин на Формула 1 трки во иднина.
Договорот беше валиден до 2025 година. Од сезоната 2023 година беше планирано трката за ГН на Русија да се одржува на патеката во близина на Санкт Петербург.