Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Катастрофа за Ферари, Верстапен ќе стартува од првата позиција во Лас Вегас
    Меѓународен микс

    Катастрофа за Ферари, Верстапен ќе стартува од првата позиција во Лас Вегас

    risteBy riste21/11/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Макс Верстапен ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Лас Вегас, иако најбрзо време во квалификациите оствари Кими Антонели.

    Возачот на Мерцедес постави време од 1:33.893 минути, но поради казна од пет места за промена на компоненти на погонската единица, ќе стартува дури од шестата позиција.

    Верстапен, кој имаше второ најдобро време, така ја презеде првата стартна позиција, а покрај него од првиот ред ќе тргне Џорџ Расел. Ландо Норис ќе стартува трет, пред Исак Хаџар.

    Најголемото разочарување го приреди Ферари. Шарл Леклер и Луис Хамилтон беа елиминирани уште во втората квалификациска сесија. Леклер ќе стартува од 10. позиција, а Хамилтон од 11. место. За италијанскиот тим ова е едно од најлошите квалификациски изданија во сезоната.

    Дополнителна казна од десет стартни места доби и Оскар Пјастри, кој наместо од седмата, ќе тргне од 17. позиција.

    За Верстапен ова е 51. пол-позиција во кариерата, а трката во Лас Вегас ветува интересна битка, особено поради дуелот со возачите на Мерцедес и Мекларен.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Берман зборуваше за неговата ситуација

    19/11/2026

    Саинц е оптимист за наредната сезона

    18/11/2026

    Саинц: Разочарувачка сезона за мене

    17/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Мотивираниот Тиквеш му се одмазди на Вардар и му зададе тежок удар
    • Флик: Кристенсен ќе отсуствува, Родри се враќа побавно од очекуваното
    • Рафаел Надал стана дел од раководството на Реал Мадрид
    • Катастрофа за Ферари, Верстапен ќе стартува од првата позиција во Лас Вегас
    • Капитенот на Работнички ќе плати 200.000 денари за удирање противнички играч
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.