Тренерот на Барселона, Ханси Флик, се соочува со нови кадровски проблеми пред утрешниот дуел против Виљареал во Ла Лига. Германскиот стратег потврди дека Андреас Кристенсен има мускулна повреда и ќе паузира околу две недели, односно ќе пропушти приближно два натпревари.
Добра вест за каталонците е враќањето на Жил Кунде и Ерик Гарсија, додека Пау Кубарси ќе биде на клупата за резервни играчи. Френки де Јонг и Дани Олмо исто така се подготвени за настап.
Флик се осврна и на состојбата на Родри, чиј процес на опоравување трае подолго од очекуваното. Германецот нагласи дека нема причина за паника, но дека медицинскиот тим внимателно ќе ја следи неговата состојба од ден на ден, особено поради сличната повреда што ја имаше минатата сезона како играч на Манчестер Сити.
Барселона ја очекува исклучително напорен период со девет официјални натпревари за помалку од еден месец, вклучувајќи ги и обврските во Лигата на шампионите.
„Играњето во Лигата на шампионите и борбата за титулите во првенството и Европа е привилегија“, порача Флик, кој истакна дека е задоволен од атмосферата во соблекувалната.
Каталонците во дуелот со Виљареал влегуваат како лидери во Ла Лига со 33 бода, три повеќе од Реал Мадрид.

