Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Олимпискиот дух во училиштето: МОК го одбележа Светскиот ден на детето со учениците од ООУ „Владо Тасевски“
    Домашен микс

    Олимпискиот дух во училиштето: МОК го одбележа Светскиот ден на детето со учениците од ООУ „Владо Тасевски“

    risteBy riste20/11/2026Updated:23/11/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскиот олимписки комитет (МОК), во соработка со ООУ „Владо Тасевски“ од општина Карпош, денеска го одбележа Светскиот ден на детето со програма посветена на играта, дружењето и олимписките вредности.

    По тој повод, претседателот на МОК, Даниел Димевски и Петар Спасеновски, раководител на Секторот за спорт и спортски прашања при МОК, ги посетија учениците, кои им приредија пречек пред училиштето. Средбата беше одбележана и со симболична размена на подароци меѓу Димевски и директорот на училиштето.

    Во свечениот дел беа претставени ликовната изложба „Олимписки вредности низ очите на децата“ и расказ на тема спорт, олимпизам, етика и фер-плеј, кој го прочитаа ученици. Преку интерактивен дел, учениците се запознаа со олимписките вредности – пријателство, почит и извонредност. Спортските активности свечено беа отворени со пуштање балони во олимписките бои.

    „Олимпизмот не е само за врвни спортисти што се натпреваруваат пред целиот свет. Олимпизмот е начин на живот“, порача претседателот Димевски пред учениците. Тој ги потсети дека вистинската вредност е во трудот, упорноста и желбата да бидеме подобри од денес, а не од другите. „Не ме интересира кој ќе победи, туку кој ќе ужива, кој ќе му помогне на другарот и кој ќе покаже фер-плеј“, додаде Димевски.

    Потоа следеа спортски натпревари – одбојка во мешани екипи од 6. до 9. одделение и мини-турнир во фудбал, додека помладите ученици учествуваа во штафетни трки и други спортски игри. МОК му донираше на училиштето спортска опрема – топки за фудбал, кошарка и одбојка.

    Со ваквите активности, МОК ги доближува олимписките вредности до најмладите и го поттикнува спортот како дел од секојдневниот живот на децата.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Љубомир Спасиќ со 5-то место во генералниот пласман на Европските купови за 2026 по финалето во Ланголен ​(Велс)

    22/11/2026

    Чаирчанки го добија противникот за новата рунда во Европскиот Куп

    19/11/2026

    Недев ќе биде дел од светската елита на собирот во Варшава

    19/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Одлично деби на Талески во Швајцарија
    • Лазаров: Победата е одлична, но мора да се подготвиме и за реваншот
    • Спалети: Донесете ми нов напаѓач!
    • Само два тима во Ф1 ќе имаат можност да имаат мотор од ист производител?
    • Сари: Нападот е добар, мора да ја подобриме одбраната
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.