Машката кошаркарска репрезентација на Македонија засилено се подготвува за претстојниот натпревар со Кипар во циклусот претквалификации за Евробаскетот 2029. Во очекување на пресметката во четврток во Градски парк, најдобриот кошаркар на Работнички, Виктор Ефремовски изјави:
„Добро стартувавме, мислам дека ќе ја продолжиме оваа победничка серија. Сега ќе дојде и Нено Димитријевиќ, па мислам дека ќе биде и подобри. Ги повикувам навивачите во што поголем број, бидејќи тие се нашиот шести играч. Подготвени сме да продолжиме со победи“, вели Ефремовски.
Натпреварот со Кипар е на програмата в четврток од 18 часот.

