Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Хамилтон победник на јубилејната 1000-та трка во Ф1шампионатот
    Меѓународен микс

    Хамилтон победник на јубилејната 1000-та трка во Ф1шампионатот

    risteBy riste14/04/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон ја забележа својата втора победа оваа сезона во Формула 1 шампионат и 75-та во кариерата, откако славеше во јубилејната 1.000-та трка во историјата на Ф1 шампионатот, а возена утринава за ГН на Кина. Интересно е тоа што Хамилтон беше победник и претходно на јубилејната 900-та трка која се возеше во Бахреин во 2014 година.

    Болидите на Мерцедес уште еднаш покажаа дека се доминантни и дојдоа до уште една 1-2 победа, бидејќи второто место му припадна на вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас. Место на подиумот имаше и за еден болид на Ферари управуван од Себастијан Фетел, а зад него се пласира Макс Верстапен, Леклерк, Гасли, Рикардо, Перез, Раиконен и Албот кои освоија бодови од трката за ГН на Кина.

    Дополнителниот бод за најбрз круг го освои Гасли, кој до тоа остварување стигна во последниот круг, а за најдобар возач на трката во Кина беше прогласен Александер Албон, кој тргна од последната позиција (боксот) и на крајот успеа да освои еден бод.

    По оваа трка во генералниот пласман води Луис Хамилтон со 68 бода, а на втората позиција се наоѓа Валтери Ботас со 62 поени. Следната трка која не очекува е онаа која ќе се вози на патеката во Баку, за ГН на Азербејџан.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валс: Ограничувањето на буџетот не донесе ништо добро

    12/11/2026

    Шолин: Ограничувањата на буџетот влијаат на квалитетот

    10/11/2026

    Абдилахи ќе се врати на патеките

    08/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.