Возачот на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон забележа нова победа, овој пат многу полесно од она што се очекуваше. Хамилтон помина прв низ целта на патеката „Пол Ришар“ со што беше најдобар во трката за ГН на Франција.
Актуелниот светски шампион стартуваше од пол позицијата, а првото место не му беше загрозено ниту еднаш во текот на трката. Водеше од почетокот до крајот на трката, а второто место му припадна на неговиот тимски колега Валтери Ботас.
Како третопласиран на крајот заврши Чарлс Леклерк од Ферари, додека Себастијан Фетел, кој стартуваше од седмата позиција мораше да се задоволи со петтото место. Ова беше шеста победа оваа сезона за Луис Хамилто, или вкупно 79 во кариерата.
Британецот сега е водечки во генералниот пласман и со тоа повторно е најсериозен кандидат за титулата иако има уште многу трки до крајот од шампионатот.

