Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Хамилтон доминираше во Франција, победи пред Ботас и Леклерк
    Меѓународен микс

    Хамилтон доминираше во Франција, победи пред Ботас и Леклерк

    risteBy riste23/06/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Возачот на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон забележа нова победа, овој пат многу полесно од она што се очекуваше. Хамилтон помина прв низ целта на патеката  „Пол Ришар“ со што беше најдобар во трката за ГН на Франција.

    Актуелниот светски шампион стартуваше од пол позицијата, а првото место не му беше загрозено ниту еднаш во текот на трката. Водеше од почетокот до крајот на трката, а второто место му припадна на неговиот тимски колега Валтери Ботас.

    Како третопласиран на крајот заврши Чарлс Леклерк од Ферари, додека Себастијан Фетел, кој стартуваше од седмата позиција мораше да се задоволи со петтото место. Ова беше шеста победа оваа сезона за Луис Хамилто, или вкупно 79 во кариерата.

    Британецот сега е водечки во генералниот пласман и со тоа повторно е најсериозен кандидат за титулата иако има уште многу трки до крајот од шампионатот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валс: Ограничувањето на буџетот не донесе ништо добро

    12/11/2026

    Шолин: Ограничувањата на буџетот влијаат на квалитетот

    10/11/2026

    Абдилахи ќе се врати на патеките

    08/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.