Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Одермат победник на супервелеслаломот во Залбах
    Меѓународен микс

    Одермат победник на супервелеслаломот во Залбах

    risteBy riste07/03/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Швајцарецот Марко Одермат победи на денешната трка во супервелеслалом која се одржа во Залбах. Ова беше негова прва овосезонска победа во супервелеслалом и со тоа ја задржа шансата да го престигне Алексис Пинтуро во борбата за кристалниот глoбус.

    Одермат ја помина патеката со време од 1:23.59 минути и беше најбрз на патеката во Залбах и не дозволи да биде достигнат од Винсент Крихмајер, кој славеше на две трки на Светското првенство минатиот месец, додека вчера беше најдобар на трката во спуст.

    Во борбата за кристалниот глобус во супер-џи, Крихмајер има 83 поени повеќе од Одермат пред завршницата на сезоната во Ленцерхајд, Швајцарија која е на програмата на 18 март. Одермат може да го нападне и трофејот во Светскиот куп затоа што заостанува само 110 бода во однос на Алексис Пинтуро, кој е лидер пред завршните натпревари во сезоната.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валс: Ограничувањето на буџетот не донесе ништо добро

    12/11/2026

    Шолин: Ограничувањата на буџетот влијаат на квалитетот

    10/11/2026

    Абдилахи ќе се врати на патеките

    08/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.