Швајцарецот Марко Одермат победи на денешната трка во супервелеслалом која се одржа во Залбах. Ова беше негова прва овосезонска победа во супервелеслалом и со тоа ја задржа шансата да го престигне Алексис Пинтуро во борбата за кристалниот глoбус.
Одермат ја помина патеката со време од 1:23.59 минути и беше најбрз на патеката во Залбах и не дозволи да биде достигнат од Винсент Крихмајер, кој славеше на две трки на Светското првенство минатиот месец, додека вчера беше најдобар на трката во спуст.
Во борбата за кристалниот глобус во супер-џи, Крихмајер има 83 поени повеќе од Одермат пред завршницата на сезоната во Ленцерхајд, Швајцарија која е на програмата на 18 март. Одермат може да го нападне и трофејот во Светскиот куп затоа што заостанува само 110 бода во однос на Алексис Пинтуро, кој е лидер пред завршните натпревари во сезоната.

