Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Боите на „Галф“ ќе блескаат на болидот на Мекларен
    Меѓународен микс

    Боите на „Галф“ ќе блескаат на болидот на Мекларен

    dinoBy dino18/05/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    „Мекларен   рејсинг“ и стратешкиот   партнер – „Галф  оил интернешнл“, го претставија   иновативниот  дизајн за трката за Големата награда на Монако од 21-23 мај со што го прославија  историското партнерство. Тимот ќе ја носи тркачката сина боја на Галф, надополнета со портокалова лента тесно заснована на класичниот дизајн на Галф за време на целиот викенд во Монако. Дизајнот ќе се појави на двата  болида и на оделата на возачите Ландо Норис и Даниел Рикиардо.

    „Ние сме огромни обожаватели на храбар и смел дизајн а впечатливата сина боја на Галф е меѓу најомилените во нашиот спорт. Дизајнот отсекогаш бил значаен за Мекларен. Возбудени сме што ја прославуваме нашата посебна поврзаност со Галф во Монако“ – изјави Зак Браун, Главниот извршен директор на „Мекларен рејсинг“.

    „Галф и Мекларен имаат врска која датира од 1968 год. Познатите тркачки сини и флуро-портокалови бои на Галф се иконични, така што одбележувањето на нашето враќање во Формула 1 и прикажувањето на боите во Монако со Мекларен е одлично одбележување на нашето смело место во спортот“ – вели Мајк Џонс, Главниот извршен директор на „Галф оил“.

     

     

     

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валс: Ограничувањето на буџетот не донесе ништо добро

    12/11/2026

    Шолин: Ограничувањата на буџетот влијаат на квалитетот

    10/11/2026

    Абдилахи ќе се врати на патеките

    08/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.