„Мекларен рејсинг“ и стратешкиот партнер – „Галф оил интернешнл“, го претставија иновативниот дизајн за трката за Големата награда на Монако од 21-23 мај со што го прославија историското партнерство. Тимот ќе ја носи тркачката сина боја на Галф, надополнета со портокалова лента тесно заснована на класичниот дизајн на Галф за време на целиот викенд во Монако. Дизајнот ќе се појави на двата болида и на оделата на возачите Ландо Норис и Даниел Рикиардо.
„Ние сме огромни обожаватели на храбар и смел дизајн а впечатливата сина боја на Галф е меѓу најомилените во нашиот спорт. Дизајнот отсекогаш бил значаен за Мекларен. Возбудени сме што ја прославуваме нашата посебна поврзаност со Галф во Монако“ – изјави Зак Браун, Главниот извршен директор на „Мекларен рејсинг“.
„Галф и Мекларен имаат врска која датира од 1968 год. Познатите тркачки сини и флуро-портокалови бои на Галф се иконични, така што одбележувањето на нашето враќање во Формула 1 и прикажувањето на боите во Монако со Мекларен е одлично одбележување на нашето смело место во спортот“ – вели Мајк Џонс, Главниот извршен директор на „Галф оил“.

