Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Естебан Окон е сензационален победник на „Хунгароринг“
    Меѓународен микс

    Естебан Окон е сензационален победник на „Хунгароринг“

    risteBy riste01/08/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Возачот на Аплине, Естебан Окон е сензационалниот победник на трката за ГН на Унгарија која се одржа денес. 24-годишниот Французин го оствари нејголемиот успех во кариерата и заврши како прв пред Себастијан Фетел.

    Трката започна по дождливо време и инцидент уште на стартот. Валтери Ботас удри во Ландо Норис, кој потоа остана без избор и го оштети болидот на Макс Верстапен, кој заврши надвор од патеката. Целата оваа ситуација предизвика прекин на трката на „Хунгароринг“, а повторениот старт донесе интересен момент, бидејќи само Хамилтон одлучи да стартува од целната рамнина. Сите останати заминаа во боксот за да менуваат пневматици за сува подлога. Бранителот на титулата продолжи од последното место, но со напорна работа на крај се избори за место на подиумот односно третото место.

    Оштетувањето на болидот на Макс Верстапен го однесоа само до 10.место што значеше дека Луис Хамилтон ќе го презеде водството во генералниот пласман, во пресрет на трката за ГН на Белгија која е на програмата на 29 август.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валс: Ограничувањето на буџетот не донесе ништо добро

    12/11/2026

    Шолин: Ограничувањата на буџетот влијаат на квалитетот

    10/11/2026

    Абдилахи ќе се врати на патеките

    08/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.