Возачот на Аплине, Естебан Окон е сензационалниот победник на трката за ГН на Унгарија која се одржа денес. 24-годишниот Французин го оствари нејголемиот успех во кариерата и заврши како прв пред Себастијан Фетел.
Трката започна по дождливо време и инцидент уште на стартот. Валтери Ботас удри во Ландо Норис, кој потоа остана без избор и го оштети болидот на Макс Верстапен, кој заврши надвор од патеката. Целата оваа ситуација предизвика прекин на трката на „Хунгароринг“, а повторениот старт донесе интересен момент, бидејќи само Хамилтон одлучи да стартува од целната рамнина. Сите останати заминаа во боксот за да менуваат пневматици за сува подлога. Бранителот на титулата продолжи од последното место, но со напорна работа на крај се избори за место на подиумот односно третото место.
Оштетувањето на болидот на Макс Верстапен го однесоа само до 10.место што значеше дека Луис Хамилтон ќе го презеде водството во генералниот пласман, во пресрет на трката за ГН на Белгија која е на програмата на 29 август.