Далас ја победи Јута на гости со 98:96 и со вкупен триумф од 4:2 во серијата успеа по пауза од 11 години да се пласира во конференциското полуфинале. Во финишот на натпреварот клучната „тројка“ за победата на Далас ја постигна Џејлен Бренсон, додека во последниот напад шут за три поени промаши Бојан Богдановиќ, по што Јута мораше да се помири со елиминацијата во првата рунда од плеј-офот.
Бренсон и Лука Дончиќ постигнаа по 24 поени за тимот од Тексас, а словенечката ѕвезда додаде и девет скока и осум асистенции. Најефикасен кај Јута беше Донован Мичел со 23 поени. Во полуфиналната рунда на Западот, Далас го пречекува Феникс, кој синоќа исто така обезбеди пласман во второто коло од плеј-офот на Западната конференција, откако на гости го победија Њу Орлеанс со 115:109 и ја затворија серијата со 4:2.
Пласман во второто коло обезбеди и екипата на Филаделфија која на гости беше подобра од Торонто со 132:97. Филаделфија го реши првото коло од плеј-оф серијата на Источната конференција во своја корист со резултат 4:2.