Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»NBA»Далас, Феникс и Филаделфија во второто коло од НБА плеј-офот
    NBA

    Далас, Феникс и Филаделфија во второто коло од НБА плеј-офот

    sasoBy saso29/04/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Далас ја победи Јута на гости со 98:96 и со вкупен триумф од 4:2 во серијата успеа по пауза од 11 години да се пласира во конференциското полуфинале. Во финишот на натпреварот клучната „тројка“ за победата на Далас ја постигна Џејлен Бренсон, додека во последниот напад шут за три поени промаши Бојан Богдановиќ, по што Јута мораше да се помири со елиминацијата во првата рунда од плеј-офот.

    Бренсон и Лука Дончиќ постигнаа по 24 поени за тимот од Тексас, а словенечката ѕвезда додаде и девет скока и осум асистенции. Најефикасен кај Јута беше Донован Мичел со 23 поени. Во полуфиналната рунда на Западот, Далас го пречекува Феникс, кој синоќа исто така обезбеди пласман во второто коло од плеј-офот на Западната конференција, откако на гости го победија Њу Орлеанс со 115:109 и ја затворија серијата со 4:2.

    Пласман во второто коло обезбеди и екипата на Филаделфија која на гости беше подобра од Торонто со 132:97. Филаделфија го реши првото коло од плеј-оф серијата на Источната конференција во своја корист со резултат 4:2.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Клеј Томпсон: Мора да ги победиме во петтиот меч, не сакам да се враќам во Денвер

    25/04/2022

    Букер се повреди, неизвесен за третиот меч со Њу Орлеанс

    20/04/2022

    Њу Орлеанс го изненади Феникс на гости

    20/04/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    Маркетинг

     

    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Далас, Феникс и Филаделфија во второто коло од НБА плеј-офот
    • Фабијан Шер уште две години во дресот на Њукасл
    • Во јуни почнува реконструкцијата на „Камп Ноу
    • Гвардиола и „Сити“ во трка по Френки де Јонг
    • Јирген Клоп со нов договор останува во Ливерпул до 2026 година
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.