Кошаркарите на Далас направија големо изненадување елиминирајќи го најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната Феникс во „мајсторката“ од полуфиналето на Западот. Дончиќ и неговите соиграчи на гости славеа со фантастични 123:90 и се пласираа во конференциско финале за првпат по 2011 година.
Дончиќ го предводеше Далас со 35 поени, Спенсер Динвиди додаде 30, додека Џејлен Брансон постигна 24 поени. Во редовите на Феникс, Девин Букер постигна само 11 поени, а Крис Пол само 10. Далас во финалето на Западот ќе игра против Голден Стејт, а првиот натпревар е закажан во четврток наутро во Сан Франциско.
Претходно синоќа кошаркарите на Бостон во решавачкиот седми меч го совладаа бранителот на титулата Милвоки со 109:81 и се пласираа во финалето на Источната конференција, каде ќе играат против Мајами.

