Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»NBA»Далас и Бостон се последните патници во конференциските финалиња
    NBA

    Далас и Бостон се последните патници во конференциските финалиња

    sasoBy saso16/05/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Кошаркарите на Далас направија големо изненадување елиминирајќи го најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната Феникс во „мајсторката“ од полуфиналето на Западот. Дончиќ и неговите соиграчи на гости славеа со фантастични 123:90 и се пласираа во конференциско финале за првпат по 2011 година.

    Дончиќ го предводеше Далас со 35 поени, Спенсер Динвиди додаде 30, додека Џејлен Брансон постигна 24 поени. Во редовите на Феникс, Девин Букер постигна само 11 поени, а Крис Пол само 10. Далас во финалето на Западот ќе игра против Голден Стејт, а првиот натпревар е закажан во четврток наутро во Сан Франциско.

    Претходно синоќа кошаркарите на Бостон во решавачкиот седми меч го совладаа бранителот на титулата Милвоки со 109:81 и се пласираа во финалето на Источната конференција, каде ќе играат против Мајами.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Дончиќ : Нема ништо сериозно со повредата

    12/11/2026

    Баркли: Лендеборг игра одлично во деби сезоната

    12/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.