Холандскиот Ф1-возач и актуелен шампион Макс Верстапен имаше најдобро време во квалификациите на трката за ГН на Белгија на патеката „Спа“, но од лидерското место ќе тргне Карлос Саинц од Ферари.
Верстапен, кој го имаше и најбрзиот круг во квалификациите, доби казна од 15 позиции поради промена на делови на болидот по тренинзите, па така првата позиција му припадна на Саинц, додека како третопласиран заврши Серхио Перез од Ред Бул. Четвртото место го доби вториот болид на Ферари во кој седеше Шарл Леклер, па следат двата болиди на Алпин, Естебан Окон и Фернандо Алонсо. Луис Хамилтон од Мерцедес заврши како седми, пред клупскиот колега Џорџ Расел кој ќе тргне како осми.
Трката за ГН на Белгија на легендарната патека „Спа Франкошампс“ се вози утре (недела) од 15:00 часот.