Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Верстапен најдобар во квалификациите, но Саинц ќе тргне прв на патеката „Спа“
    Меѓународен микс

    Верстапен најдобар во квалификациите, но Саинц ќе тргне прв на патеката „Спа“

    risteBy riste27/08/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Холандскиот Ф1-возач и актуелен шампион Макс Верстапен имаше најдобро време во квалификациите на трката за ГН на Белгија на патеката „Спа“, но од лидерското место ќе тргне Карлос Саинц од Ферари.

    Верстапен, кој го имаше и најбрзиот круг во квалификациите, доби казна од 15 позиции поради промена на делови на болидот по тренинзите, па така првата позиција му припадна на Саинц, додека како третопласиран заврши Серхио Перез од Ред Бул. Четвртото место го доби вториот болид на Ферари во кој седеше Шарл Леклер, па следат двата болиди на Алпин, Естебан Окон и Фернандо Алонсо. Луис Хамилтон од Мерцедес заврши како седми, пред клупскиот колега Џорџ Расел кој ќе тргне како осми.

    Трката за ГН на Белгија на легендарната патека „Спа Франкошампс“ се вози утре (недела) од 15:00 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валс: Ограничувањето на буџетот не донесе ништо добро

    12/11/2026

    Шолин: Ограничувањата на буџетот влијаат на квалитетот

    10/11/2026

    Абдилахи ќе се врати на патеките

    08/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.