Актуелниот светски шампион, Макс Верстапен, ја обезбеди третата последователна пол-позиција на патеката „Зандворт“ што е негов домашен терен и ќе стартува од првиот ред на трката за Големата награда на Холандија.
Верстапен го извозе последниот круг совршено и успеа да ја мине целта за половина секунда побрзо од Ландо Норис, додека третото место му припадна на Џорџ Расел од Мерцедес.
Изненадување направи возачот на Вилијамс, Алекс Албон, кој заврши на четвртото место, а на петтата и шестата позиција се пласираа Фернандо Алонсо и Карлос Саинц Јуниор. Тимскиот колега на Верстапен, Мексиканецот Серхио Перез ќе ја стартува трката од седмата позиција, додека осмото место му припадна на Оскар Пјастри од Мекларен.
Големата награда на Холандија ќе се вози утре на патеката „Зандворт“, а стартот е закажан во 15:00 часот.