Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Верстапен не дозволува изненадување, трет пат во низа со пол позиција во Холандија
    Меѓународен микс

    Верстапен не дозволува изненадување, трет пат во низа со пол позиција во Холандија

    risteBy riste26/08/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Актуелниот светски шампион, Макс Верстапен, ја обезбеди третата последователна пол-позиција на патеката „Зандворт“ што е негов домашен терен и ќе стартува од првиот ред на трката за Големата награда на Холандија. 

    Верстапен го извозе последниот круг совршено и успеа да ја мине целта за половина секунда побрзо од Ландо Норис, додека третото место му припадна на Џорџ Расел од Мерцедес.

    Изненадување направи возачот на Вилијамс, Алекс Албон, кој заврши на четвртото место, а на петтата и шестата позиција се пласираа Фернандо Алонсо и Карлос Саинц Јуниор. Тимскиот колега на Верстапен, Мексиканецот Серхио Перез ќе ја стартува трката од седмата позиција, додека осмото место му припадна на Оскар Пјастри од Мекларен. 

    Големата награда на Холандија ќе се вози утре на патеката „Зандворт“, а стартот е закажан во 15:00 часот. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ринс ја санирал повредата

    28/09/2023

    Ќе има ли рокади на возачите во Ф1?

    27/09/2023

    Германецот веројатно ќе вози за „Јота“

    27/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Барселона ќе остане и без Рафиња за Ел Класико
    • По 16 години, Зенит прими три гола во едно полувреме
    • Лина Ѓорческа ќе игра финале во Србија
    • Заборски и Стојановиќ во битка за бронза на Светската карате Премиер лига
    • Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.