Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Србија ја победи Хрватска и стигна до хет-трик злата во ватерполо на ЛОИ
    Меѓународен микс

    Србија ја победи Хрватска и стигна до хет-трик злата во ватерполо на ЛОИ

    risteBy riste11/08/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Селекцијата на Србија не го дава Олимпискиот трон и е старо-нов олимписки првак во ватерполо. Ватерполистите на Србија одиграа перфектно во финалето и на крајот ја победија Хрватска со 13:11.

    Со овој триумф Србија само ја потврди доминацијата и трети Олимписки игри по ред го освојува Златниот медал повторувајќи го успехот од Рио де Жанеиро во 2016 и од Токио во 2021 година.

    Хрватска и покрај големата желба сепак одигра рамноправно на почетокот на првиот период, а потоа Србија го збврши со 5:2. Во втората четвртина двете селекции дадоа по три гола и на полувреме резултатот беше 8:5.

    На почетокот од третата четвртина Србија поведе и со 10:6, а во пресрет на последната четвртина останаа трите гола предност за Србија (11:8) и во последниот период рутински одиграа и стигнаа до ново злато на ЛОИ. И покрај тоа што Србија одигра лошо во групната фаза, сепак тогаш  кога почна елиминационите дуели, Србија беше перфектна и сосема заслужемо дојде до златниот медал.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валс: Ограничувањето на буџетот не донесе ништо добро

    12/11/2026

    Шолин: Ограничувањата на буџетот влијаат на квалитетот

    10/11/2026

    Абдилахи ќе се врати на патеките

    08/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.