Селекцијата на Србија не го дава Олимпискиот трон и е старо-нов олимписки првак во ватерполо. Ватерполистите на Србија одиграа перфектно во финалето и на крајот ја победија Хрватска со 13:11.
Со овој триумф Србија само ја потврди доминацијата и трети Олимписки игри по ред го освојува Златниот медал повторувајќи го успехот од Рио де Жанеиро во 2016 и од Токио во 2021 година.
Хрватска и покрај големата желба сепак одигра рамноправно на почетокот на првиот период, а потоа Србија го збврши со 5:2. Во втората четвртина двете селекции дадоа по три гола и на полувреме резултатот беше 8:5.
На почетокот од третата четвртина Србија поведе и со 10:6, а во пресрет на последната четвртина останаа трите гола предност за Србија (11:8) и во последниот период рутински одиграа и стигнаа до ново злато на ЛОИ. И покрај тоа што Србија одигра лошо во групната фаза, сепак тогаш кога почна елиминационите дуели, Србија беше перфектна и сосема заслужемо дојде до златниот медал.

