Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Луис Хамилтон сега и официјално е возач на Ферари
    Меѓународен микс

    Луис Хамилтон сега и официјално е возач на Ферари

    risteBy riste02/01/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    39-годишниот британски Ф1 возач, седумкратен шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, сега и официјално е возач на италијанскиот тим Ферари.

    Договорот на Хамилтон со неговиот претходен тим Мерцедес истече на 31 декември 2024 година. Новиот болид на тимот од Маранело за сезоната 2025 ќе биде претставен на посебна презентација на Ферари, која ќе се одржи на 19 февруари.

    Ден пред ова, првата генерална програма ќе се одржи на популарниот стадион О2 Арена, каде што сите Формула 1 тимови ќе ги покажат своите болиди. Хамилтон ќе спроведе и посебни тестови на болидот, чиј датум се уште не е објавен.

    За одбележување е тоа што Британецот за прв пат во кариерата ќе се натпреварува во болид кој ќе има вграден мотор кој не е на Мерцедес. Претходно, италијанскиот тим објави дека на своите социјални мрежи ќе го пренесува првиот ден на Луис Хамилтон во Ферари.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валс: Ограничувањето на буџетот не донесе ништо добро

    12/11/2026

    Шолин: Ограничувањата на буџетот влијаат на квалитетот

    10/11/2026

    Абдилахи ќе се врати на патеките

    08/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.