39-годишниот британски Ф1 возач, седумкратен шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, сега и официјално е возач на италијанскиот тим Ферари.
Договорот на Хамилтон со неговиот претходен тим Мерцедес истече на 31 декември 2024 година. Новиот болид на тимот од Маранело за сезоната 2025 ќе биде претставен на посебна презентација на Ферари, која ќе се одржи на 19 февруари.
Ден пред ова, првата генерална програма ќе се одржи на популарниот стадион О2 Арена, каде што сите Формула 1 тимови ќе ги покажат своите болиди. Хамилтон ќе спроведе и посебни тестови на болидот, чиј датум се уште не е објавен.
За одбележување е тоа што Британецот за прв пат во кариерата ќе се натпреварува во болид кој ќе има вграден мотор кој не е на Мерцедес. Претходно, италијанскиот тим објави дека на своите социјални мрежи ќе го пренесува првиот ден на Луис Хамилтон во Ферари.

