Тимот на Мерцедес има добри шанси да ја добие жалбата за развојот на настаните во последниот круг од трката за Големата награда на Абу Даби. Адвокатот на тимот смета дека првичната забрана на болидите кои доцнеа по еден круг зад лидерот да можат да го претекнат, а потоа да им се дозволи да го сторат тоа на само неколку кривини пред крајот на режимот на безбедносното возило, е во спротивност со изјавата дадена од директор на трката, Мајкл Маси во слична ситуација на трката во Франција во 2020 година.
Ова може да се смета за прекршување на Меѓународниот спортски кодекс, тврди адвокатот на Мерцедес.

