Олимпискиот вице-шампион, Миколас Алекна, го подобри сопствениот светски рекорд во фрлање диск на митингот во Оклахома, САД.
22-годишниот атлетичар постигна 75,56 метри и стана прв во историјата што ја поминал границата од 75 метри. Тој во 2024 година на истиот турнир го постави светскиот рекорд фрлајќи го дискот 74,35 метри.
Литванецот има сребрен медал од Олимпијадата во Париз.

