Возачот на Дукати, Алекс Маркез, кој беше казнет за инцидентот со Жоан Мир на трката во Јапонија, вели дека стјуардите немаат еднаков рашин за сите.
Помладиот од браќата, Маркез, потсети на инцидентот во Индонезија кога Милер предизвика верижен судир но, не беше санкциониран.
„Направив грешка и додека се обидував да се вратам на патеката го допрев Мир што доведе до несреќата. Пред седум денови имаше сличен инцидент кој помина без казна за никого. Тоа покажува дека правилата очигледно не се исти за сите“ – вели Алекс Маркез кој на наредната трка ќе мора да помине така наречен долг круг.

