Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Александар Овечкин влезе во историјата на НХЛ лигата со 1000 голови во кариерата
    Меѓународен микс

    Александар Овечкин влезе во историјата на НХЛ лигата со 1000 голови во кариерата

    risteBy riste23/03/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Суперѕвездата на Вашингтон Капиталс, Александар Овечкин, стана само вториот играч во историјата на НХЛ лигата кој постигнал 1.000 голови во кариерата, вклучувајќи ги регуларната сезона и плејофот, приклучувајќи се кон легендарниот Вејн Грецки.

    40-годишниот Овечкин го надмина Грецки за најмногу голови во регуларната сезона во историјата на НХЛ на 6 април 2025 година, со гол број 895. Вејн Грецки останува лидер со 1.016 голови, од кои 894 во регуларната сезона и 122 во плејофот.

    Овечкин стигна до извонредната бројка од 1.000 голови во третиот период против Колорадо во натпревар од НХЛ, израмнувајќи го резултатот на 2:2. Колорадо го доби натпреварот со 3-2 во продолжението.

    Руската легенда има 26 голови и 27 асистенции во 70 натпревари оваа сезона. Во текот на својата кариера, Овечкин има 1.676 поени (923 гола, 753 асистенции) во 1.562 натпревари од регуларната сезона. Во плејофот има 147 поени (77 гола, 70 асистенции) во 161 натпревар.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валс: Ограничувањето на буџетот не донесе ништо добро

    12/11/2026

    Шолин: Ограничувањата на буџетот влијаат на квалитетот

    10/11/2026

    Абдилахи ќе се врати на патеките

    08/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.