Четирикратниот шампион во Формула 1 и неизвршен претседател на тимот Алпин, Ален Прост, го издвои талентот на Фернандо Алонсо, кој вчера се искачи на подиумот на трката за Големата награда на Катар.
„Од моја гледна точка, тој е најдобриот пилот кој се натпреварува во моментов во Формула 1. Начинот на кој ја гледа трката, ги чувствува гумите, дава фидбек е нешто неверојатно“, изјави Прост.
Благодарение на успехот на Алонсо и петтото место на Естебан Окон, Алпин веќе успеа да му побегне на Алфа Таури во генералниот пласман и се надева на уште подобра сезона 2022.
