Рускиот возач, Микаил Алешин, проценува дека неговиот сонародник, Даниил Квјат, би можел да го замени Пјер Гасли во Ред Бул доколку французинот не покаже подобар квалитет на патеката.Проценката на Алешин доаѓа по првата сезонска трка во Формула 1 реализирана во Австралија кога Гасли покажа разочарувачко возење додека Квајт успеа да освои поен за Торо Росо.
„Не може да се процени зошто Гасли имаше толку лошо возење. Доколку Квајт продолжи во добар ритам тогаш може да се случи промена“ – вели Алешин.
„Торо Росо ја нема силата на Ред Бул или Ферари, но, верувам дека ако немаат технички проблеми ќе може да бидат меѓу првите десет додека трае сезоната“ – изјави Русинот.