Двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, кој се подготвуваше да се врати на патеките по двегодишно отсуство, има скршеница на вилицата по несреќата што ја претрпе вчера додека возеше велосипед во близина на неговиот дом во Швајцарија, информира Би-Би-Си.
Шпанецот кој бил удрен од автомобил и хоспитализиран, сега ќе биде пренесен во болница во главниот град Берн бидејќи таму се најдобри специјалисти за тој вид на повреди.
Бидејќи до почетокот на сезоната има нешто повеќе од еден месец, се наметнува дилемата дали Алонсо ќe се појави во Бахреин на 28 март во болидот на Алпин.

